Во 33 Жито Маркети ќе се собираат средства за донирање

24

zito marketi

Жито Маркети ќе ја спроведе својата најголема општествено одговорна активност. Во 33 маркети од оваа компанија и во дванаесет општини каде се лоцирани истите, ќе се собираат средства коишто потоа ќе бидат донирани во претходно избрана институција.

Во донација ќе бидат вклучени и граѓаните преку Клубот на пријатели на Жито Маркети. За секое членство во Клубот, каде ќе може да се зачлени секој купувач само со давање на своите податоци, коишто ќе бидат апсолутно заштитени, Жито Маркети ќе ја плаќа членарината, средства што потоа ќе бидат наменети за донацијата.

„Еден значаен дел од развојната стратегија на Жито Маркети се однесува на воспоставување грижлив и пријателски однос кон граѓаните. Тоа го правиме преку креирање на понуда прилагодена на нивните потреби, честите акциски продажби и изненадувања, како и воопшто грижа за општеството. Со оваа донација, најголема досега целта ни е да помогнеме таму кајшто е потребно, но и преку вклучување на граѓаните да го поттикнеме нивниот придонес кон грижата за другите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор.

Изборот на местата за донирање ќе се направи во консултации со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, по нивна препорака ќе се избере место за секој град одделно каде е најпотребно да бидат донирани средствата.

Жито Маркети покрај грижата за оние што имаат потреба од помош, подеднакво се грижи и за своите купувачи. Со членството во Клубот на пријатели на Жито Маркети и добивањето на лојална картичка секој може да биде корисник на бројни поволности. Клубот на пријатели ќе понуди дневни акции, happy hour односно еден час кога дел од производите се со големи попусти, викенд акции, неделни, па се до месечни и уште многу други специјални промоции и изненадување во текот на купувањето. Жито Маркети со вака осмисленото функцинирање на лојалната картичка за купувачите овозможува ексклузивни и единстевни поволности.

Малопродажниот синџир Жито Маркети е добитник на бројни признанија меѓу кои за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети, признание дадено врз основа на брзото проширување и компаниските вредности, услужливост и достапност.