Во 46 земји досега примени 28 милиони дози вакцини

36

За 36 денови примени се околу 28 милиони дози вакцина против коронавирусот во 46 земји во светот, рекол Мајкл Рајан, директор за кризни здравствени ситуации при Светската здравствена организација (СЗО).

И покрај почетокот на кампањата за вакцинирање, тој изразил загриженост поради брзото ширење на пандемијата во некои земји поврзана со новиот вид на коронавирус.

Што се однесува со вакцинирањето, тој изразил жалење што воглавно ги опфаќа богатите земји.

“Досега се примени 28 милиони дози од вакцината. Користени се пет различни вакцини и платформи. Во овој момент вакцинацијата се спроведува во 46 земји, но меѓу нив има само една со понизок доход“, додал тој.

Според Рајан, од тие 46 земји 38 се богати, а нагласува дека има земји кои сакаат и имаат потреба од вакцина, но нема да ја добијат, освен ако подобро не бидат распоредени дозите.

Од почетокот на пандемијата, што започна во Кина, починати се над 1,9 милиони лица ширум светот.

Фото: Freepik