Во Албанија расте продажбата на луксузни производи во време на пандемија

24

Во Албанија од почетокот на пандемијата забележан е пораст на продажбата на луксузни производи, како и на храна од странство, детергенти, мебел и накит.

Според официјалните податоци, во споредба со 2019 година, намален е увозот на кафе, цигари, алкохол и пијалаци, а во минатата година најмногу се продавале тестенини, житарки, брашно и масло.

Поради забраната за венчавки, празнични собири и затворање на баровите и рестораните, намалена е консумацијата на алкохол, но кога се работи за накит, за 5% е зголемена продажбата на накит поскап од 1.000 евра. Се претпоставува дека тоа е поради богатите жители на Албанија, кои поради пандемијата не можеле да патуваат, па парите ги трошеле во локални продавници.

Продажбата на детергенти порасна за 50% во однос на март 2020 година, а за цела година за 8% во споредба со претходната година.

Се забележува намалување на продажбата на кармини од 20% најверојатно поради задолжителното носење на маски.

Од друга страна, регистриран е пораст на побарувачката на средства за нега на кожа, сапуни, производи за коса… додека продажбата на парфеми се задржа на ниво како во 2019 година.

Фото: Pexels