Во БиХ блокирани 75.373 сметки на деловни субјекти

46

Во Босна и Херцеговина заклучно со трети септември биле блокирани вкупно 75.373 сметки на деловни субјекти, додека 65.143 компании имаат блокирано барем една сметка велат податоците на Централната банка во БиХ.

Во овој месечен извештај за блокирани сметки во Регистарот за трансакциски сметки на банката, којшто содржи 3.119 страници, наведени се правни лица од различни области, вклучувајќи компании, здравствени организации, здруженија, кооперативи, субјекти кои се занимаваат со услужни дејности, спортски организации и друго, пишува BiznisInfo.ba

Во првиот извештај на Централната банка, објавен на почетокот на ноември 2012 година, бројот на блокирани сметки на деловните субјекти во БиХ изнесувал 58.038, додека 35.694 фирми имале барем една блокирана банкарска сметка.

Фото: Pixabay