Полицијата и правосудните тела во Босна и Херцеговина отворија повеќе истраги за можно перење пари во 2012 година, под претпоставка дека на тој начин во легалните финансиски канали се уфрлени најмалку 15 милиони евра со сомнително потекло, пишува Дневни аваз.
Повикувајќи се на извори од Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), Аваз наведува дека досега на обвинителствата им се поднесени седум извештаи за сторено казнено дело под сомнение за перење пари.
Сомнителните финансиски трансакции по правило се поврзуваат со материјална добивка стекната од поткуп, корупција, трговија со дрога и оружје и затајување на данок.
Американскиот инситут Global Financial Integrity (GFI), кој се занимава со следење и анализа на сомнителни финансиски трансакции, проценува дека од БиХ во изминатите 10 години, во државите кои се сметаат за даночни оази се префрлени најмалку 836 милиони долари чие потекло е непознато.