Во БиХ најмногу вработени во преработувачката индустрија

18

bih

Во Босна и Херцеговина минатата година најголем број на вработени, 19,9% биле во преработувачката индустрија, 16,5% работеле во трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, а 12,7% во јавна управа и одбрана, пишува capital.ba.

Од Агенцијата за статистика на БиХ наведуваат дека по компании, 38,2% вработени работеле во големи претпријатија, 30,4% во средни, 20,6% во мали, а 10,8% во микро.

Минатата година најмногу приходи се остварени во трговија на мало и големо и поправка на моторни возила и мотоцикли, 39,7%, потоа во преработувачката индустрија 19%. Во вкупниот приход остварен во БиХ, микро фирмите учествуваат со 20,5%, малите со 22,6%, средните со 29,6%, а големите со 27,3%.