Во Британија лани во пабовите се пиело пиво колку пред еден век

27

Продажбата на пиво во британските пабови во изминатата година е намалена на најниско ниво од 1920-та година поради долготрајните и остри рестриктивни мерки поради ширење на пандемијата во Лондон.

Вкупната продажба на пиво е намалена за 56% во 2020 година на 6,1 милијарди фунти, што е за 7,8 милијарди помалку одошто во 2019 година, што е најмала количина на продадени пива во последните 100 години, пренесува Гардијан.

Овие податоци за продажба на пиво се објавени во момент кога британскиот министер за финансии, Риши Сунак се соочува со зголемен притисок да стапи во акција и да спречи уште еден бран затворање фирми во услужниот сектор за којшто се смета дека ќе биде еден од поважните за закрепнување на британската економија, откако ќе бидат укинат рестриктивните мерки.

Фото: Freepik