Во Букурешт отворено првото студио за виртуелна реалност

12

fifth-dimension-facebook

Фото: Facebook

Fifth Dimension е името на првото студио за виртуелна реалност што е отворено во Букурешт, пишува Romania Insider.

Студиото, чија почетна инвестиција е 70.000 евра, е опремено со најмодерна технологија.

“Пред да го отвориме Fifth Dimension, направивме големо истражување бидејќи овој концепт што го развиваме е комбинација од неколку елементи: виртуелна реалност, соба за бегство и стратешки игри. Над 75% од инвестицијата е генерирана од технолошки аспекти и лиценци за игри, што ги носиме во знак на почит кон локалниот пазар“, вели Александру Петро, основач на Fifth Dimension.

На посетителите им стојат на располагање Oculus Rift уредите, коишто генерираат реални слики и звуци што репродуцираат или создаваат реално или футуристичко окружување, а сензорот Leap Motion им помага да ги вклучат и рацете во нивната игра без да им биде потребен џојстик.