Во четвртиот квартал лани 657.849 вработени, а 290.276 невработени

20

lugje-kameni-mjiСпоред податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија изнесувало 948.125 лица од кои 657.849 се вработени, а 290.276 невработени.

Стапката на активност во овој период изнесува 56,7%, стапката на вработеност 39,3%, додека стапката на невработеност 30,6%.

Споредбено во четвртото тримесечие од 2011 година стапката на активност изнесувала 56,5%, стапката на вработеност 38,5%, а на невработеност 31,8%.