Во чоколадниот свет на Lindt – богатство на вкусови што го полнат срцето

350

1

Приказната на Lindt ја започнуваат татко и син, Давид Шпрингли – Шварц и Рудолф Шпрингли – Аман, кои во 1845 година прво купуваат слаткарница во стариот дел на Цирих, а потоа почнуваат со производство на чоколада. Денес Lindt се продава во 120 земји во светот, а од крајот на минатата година и Македонија е една од нив. Лабораториите на Lindt работат со полна пареа и секоја година вадат нови и нови вкусови.

6

Изминатата сабота, децата од ЦЕЕД ЕДУ беа специјални гости во Lindt Shop во Скопје, единствената продавница на швајцарскиот бренд во Македонија. Што го прави Lindt единствен на пазарот? Какви видови чоколади има? По колку чоколади се прават на ден? Дали има чоколади за деца и за стари? Кој го има оригиналниот рецепт?… и уште многу прашања беа поставени, а одговор за сè имаше Александра Стефановска, менаџер на продажба.

2

Lindt Shop е отворен на 3 декември, по повеќе месеци претходна подготовка. Секаде во светот каде што ќе отидете, сите Lindt шопови се исти. Се знае кои чоколади каде стојат, сè треба да биде исто наместено. Разлика може да има само во изборот на производи, кој се прави според анализа на пазарот”, вели Стефановска.

4

3

А палетата на Lindt е преголема. Покрај производите што се произведуваат редовно, се произведуваат и сезонски производи што излегуваат за специјални денови од годината. Такви се на пример, Gold Bunny, чоколадно зајаче што во различни големини се произведува уште од 1952 за Велигден, чоколаден Дедо Мраз за божиќните и новогодишни празници, чоколадни ирваси, снешковци, мечиња… а за Денот на вљубените, Lindt продава лимени кутии во форма на срце полни со слатко задоволство. Овој производ го има и во продавницата во Скопје и може да биде вашиот избор за подарок за партнерот.

5

Токму срцињата беа задолжителен производ што се најде во продажните пакети што ги дизајнираа децата од ЦЕЕД ЕДУ. Децата поделени во три групи правеа сопствени пакети за кои требаше сами да одлучат што ќе содржат, како ќе бидат спакувани и по која цена би се продавале. Што се случува кога ќе пуштите деца во продавница за чоколади, можете да видите на фотографиите подолу 🙂

7

8

9

11

10