Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање или 8,2%, Рударство и вадење на камен или 8,1% и Други услужни дејности или 7%.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен или 10,3%, Стручни, научни и технички дејности 9,3% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 8,4%.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2013 изнесува 31.498 денари. Во декември 2013 година, 1,8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.