Во декември издадени 307 одобренија за градење – нови 728 станови

95
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2022 година се издадени 307 одобренија за градење, што е за 18.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 102 131 илјада денари, што е за 85.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 151 (49.2 %) е наменето за објекти од високоградба, 83 (27.0 %) за објекти од нискоградба и 73 (23.8 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 307 објекти, на 161 (52.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 146 (47.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 728 станови, со вкупна корисна површина од 60 719 м2.
Фото: Pixabay