Во декември зголемени цените на земјоделските производи за 5%

15

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5%, а кај аутпутот е зголемен за 9,5%.
Во декември 2013 година, во споредба со декември 2012 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6.
Во делот аутпут, во декември 2013 година, во споредба со декември 2012 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102.0.