Во еден месец загинале 306 работници на своите работни места во Италија

20

Во Италија, во текот на првите три месеци од оваа година, бројот на загинати на работно место, е за околу 10% повисок во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот институт за заштита од несреќа при работа.

Само во април 306 работници загинале на работното место, а комплетните податоци за мај уште не се познати, пренесуваат дел од италијанските медиуми.

Според соопштението на Институтот, најголем број на несреќи на работа се случуваат во индустријата, потоа во секторите услужни дејности и земјоделие. Податоците покажуваат дека почесто страдаат мажи од жени.

Фото: Pexels