Во Естонија бесплатно полнење на електричните автомобили

44

estonijaЕстонија прва во Европа воведе бесплатен јавен превоз, а сега на своите граѓани ќе им понуди и бесплатно брзо полнење на батериите на електричните автомобили. Жителите на оваа земја батериите на своите автомобили ќе можат да ги полнат на 165 локации. Батеријата од 16 kW/h ќе може да се наполни 80% за 20 до 40 минути.

Националната мрежа на станици официјално започна со работа минатата недела, а нивното инсталирање започна кон средината на 2012 година. Секој град и поголемо село ќе имаат по една станица, а на автопатите ќе бидат распоредени на секои 40 до 60 километри.