Во ЕУ 3% од фирмите немаат пристап до Интернет

10

komp

Фото: Pixabay

Преку 85% од домаќинствата во Европската унија минатата година имале пристап до интернет, во однос на 70% во 2010 година, а во бизнисот, само 3% од фирмите немале пристап до Интернет, стои во публикацијата на Еуростат.

Осум од десет корисници во ЕУ лани до Интернет пристапиле преку мобилен телефон и тоа паметни телефони, коишто ги користат 80% корисници на Интернет, најмногу на возраст од 16 до 24 години.

Онлајн однесувањето се разликува од држава до држава во ЕУ, па така, на пример, најпопуларни во Бугарија меѓу корисниците на Интернет биле видео повиците (ги користеле дури 80%), најголеми корисници на социјалните медиуми се Унгарците (83%), интернет банкарство најмногу се користело во Финска (92%), а најмногу вести онлајн се читале во Литванија (93%).

Според податоците на Еуростат, минатата година 66% од корисниците на Интернет во ЕУ купувале онлајн.