Во Европа има глад за кадри во сферата на технологијата

57

До 2015 во Европа може да се отворат до 700.000 слободни работни места во сферата на информациските и телекомуникациските технологии, а во Бугарија се уште половина од населението никогаш не корист интернет. Ова го изјави потпретседателот на Европската комисија и комесар за информатичка технологија Нели Крос за време на конференцијата “Дигиталната програма на Европа 2012”, што се одржа во Софија.
“Многу брзо, 90% од работните места ќе бараат вештини за работа со дигитални технологии. Истовремено, побарувачката за високо квалификувани вработени во областа на информатичките и телекомуникациските технологии се зголемува за 3% годишно”, информира Нели Крос.
Во моментов помалку од 40% од домаќинствата во Бугарија имаат пристап до широкопојасен интернет, посочи еврокомесарот за информатичка технологија.