Во Германија 25.000 компанија пред банкрот?

39

Многу фирми во Германија се наоѓаат на чекор пред банкрот и преживуваат само благодарение на финансиската помош од државата, а економските експерти проценуваат дека се работи за 25.000 компании.

Финансиската помош по системот “капка по капка“ е стратегија на Германија со којашто се обидува да ги ублажи последиците од пандемијата. Финансиската помош, како што пишува Дојче Веле, само го одлага банкротот.

Економските експерти стравуваат од масовни банкроти штом државата престане со поддршка и помош.

Освен што е одвоени милијарди евра за помош, официјален Берлин донесе и одлука за прекинување на обврската за поднесување барања за стечај. Компаниите обично се должни да пријават стечај во рок од три недели во случај на несолвентност. Германската влада го стави тоа правило надвор од сила во март минатата година, прво до крајот на септември, а потоа и до крајот на 2020 година.

Но, во изменет облик правилото важи до крајот на април оваа година, за компании кои од први ноември до 31-ви декември предале барање за помош поради штетите што ги трпат поради пандемијата и кои со таа помош успеале да избегнат стечај.

Фото: Pexels