Во Германија еден милион луѓе останаа без работа

27

Во Германија минатата година поради пандемијата на Ковид-19 повеќе од еден милион вработени останаа без работа.

Според податоците на Сојузната агенција за вработување, повеќето од погодените биле луѓе кои имале т.н мини-работни места. Околу 526.000 такви вработени останаа без работа, пишува Deutsche Welle.

Податоците за пазарот на трудот од март до септември 2020 година беа споредувани со податоците за истиот период од претходната 2019 година.

Губењето на работното место беше најочигледно во угостителството и кај хотелските работници. Околу 398.000 вработени останаа без работа во тие сектори, вклучувајќи ги и оние со мини-работа.

Пандемијата затвори и околу 128.000 работни места вработени во преработувачката индустрија, пред се во металната и електро индустријата. Сепак, федералната Влада посочи дека оваа индустрија била погодена од структурни промени пред избивањето на пандемијата.

Околу 78.000 работни места беа изгубени во областа на уметноста, забавата и рекреацијата.

Федералната Влада се обиде да ги ограничи економските штети и да ги намали загубите на работни места со финансирање на таканаречената работа со скратено работно време. Федералната агенција за вработување соопшти дека исплатила 22,1 милијарди евра за таа цел во првата година од пандемијата.

За споредба, во претходната 2019 година, таа изнесуваше 157 милиони евра, а за време на економската и финансиска криза во 2008 и 2012 година, вкупно 8,5 милијарди евра. 

Фото: Freepik