На грчкиот остров Санторини се поставени првите лежалки со заштитен плексиглас од двете страни коишто ќе обезбедат подобра заштита на посетителите за време на пандемијата на коронавирус.
Покрај тоа, корисниците ќе имаат на располагање пешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција, во своите кабини од плексиглас.
Лежалките ги постави познатиот Чарли Чахин, сопственик на монденскиот хотел Suites of Gods во Санторини, кој прв почна со поставување лежалки заштитени со плексиглас на плажата Периса.
“Видовме дека прават нешто слично во странство и така дојдовме до идеја тоа да го поставиме на Санторини, со цел нашите гости да се чувствуваат безбедно и сигурно додека престојуваат на плажа“, рече тој во интервјуто за грчкиот весник Proto Thema.
Лежалките ќе бидат поставени на растојание од 4 метри, а плексигласот треба да ги покрие само левата и десната страна.
Фото:Facebook