Во Хрватска лани се вработиле 13.412 работници од Македонија

34

Во согласност со Законот за странци, од 1 јануари до 31 декември 2023 година се издадени вкупно 172.499 дозволи за престој и работа. Ова го покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). Од нив, најмногу одобренија се издадени во градежната индустрија, 68.912 од нив. Следат туризмот и угостителството со 45.868 дозволи, потоа индустријата со 24.034 дозволи, транспортот и врските со 11.497 дозволи и трговијата со 5.126 дозволи.

Од вкупниот број издадени дозволи за престој и работа, 112.981 одобренија се издадени за нови вработувања, 40.660 се издадени за продолжување на одобренијата, а 18.858 се за сезонски работници, од кои најголем дел се во туризмот и угостителството (16.882), истакнува хрватското МВР.

Најголем број на дозволи за престој и работа до 31 декември 2023 година им беше издаден на граѓаните на Босна и Херцеговина, 38.236 од нив. По нив следат државјаните на Србија (24.028), Непал (23.493), Индија (15.627), Северна Македонија (13.412), Филипините (10.999), Косово (9.922), Бангладеш (8.749), Турција (5.067) и Албанија ( 4.244).