Во Хрватска најмногу инвестираат Австријците

18

eurosДиректните странски инвестиции во Хрватска во првите три месеци оваа година изнесуваат 460,2 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ). Централната банка во статистиката не дава споредба со истиот период минатата година, но според претходно објавените податоци се гледа пораст во однос на минатата година, кога во првиот квартал имало само 80,1 милиони евра директни странски инвестиции.

Според статистиката на директни странски инвестиции по дејности, на прво место е банкарскиот сектор, во кој во првиот квартал се вложени 99,9 милиони евра, а потоа следуваат пошта и телекомуникации, со 50,1 милиони евра.

Статистиката по земји покажува дека во Хрватска најмногу вложуваат инвеститори од Австрија, кои во првите три месеци од годинава вложиле 149,5 милиони евра. Потоа следуваат Холандија, Германија и Шпанија.