Во Хрватска најмногу се спојуваат и преземаат хотели

22

prezemanjaВо Хрватска во првата половина од годинава имало 13 трансакции на спојување и преземање, и тоа најмногу во услужниот сектор, како што хотелите Колочеп, Златни Рат, Бонавиа, покажуваат податоците од истражувањето што го направи консултантската куќа Ernst & Young, пишува Пословни дневник.

“Со оглед на приватизациите во Хрватска што се во тек, во наредниот период се очекува значајна активност во финансиската индустрија со завршување на процесот на продажба на Хрватска поштенска банка и Кроација осигурување. Исто така, се очекува приватизација и на други производни и услужни дејности”, вели Кристијан Хоболиќ од Одделот за советување при деловни трансакции во Ernst & Young.

Во Хрватска, од вкупниот број трансакции, 80% отпаѓаат на домашни трансакции, 7% на излезни, а 13% на влезни, односно трансакции на стански компании на хрватскиот пазар.

Вкупниот број на спојувања и преземања во 11 земји од југоисточна Европа е зголемен за 20,7% во однос на истиот период лани. Сепак, вредноста им е помала за 41,8%. Најмногу трансакции се склучени во Турција (138), па во Бугарија (109) и Полска (104). Вкупната проценета вредност на овие трансакции изнесува 13,11 милијарди долари.