Во Хрватска пристигна електричен автомобил што можат да го возат и 16 годишни

27

e3

Electa Nevo, електричен автомобил за двајца, со три врати, пред неколку дена беше претставен во Загреб. Овој четирицикл можат да го возат и возачи помлади од 18 години, односно оние кои имаат дозвола за возила категорија А1, која може да се добие на 16 години, пишуваат хрватските медиуми.

Станува збор за мало возило од кинеско производство. Масата му е 750 килограми, а максималната брзина е 75 километри на час. Максималниот досег е 130 километри, а полнењето на батеријата трае осум часа.

Промотивната цена е 11.000 евра до регистрација на првите 10 купувачи, а за останатите цената е 13.000 евра.

e2