Во Хрватска за пет месеци над милиони туристи

20

Во Хрватска од јануари до крајот на мај оваа година се остварени повеќе од милион туристички посети и 3,9 милиони ноќевања, што е во однос на истиот период минатата година и претставува раст од 42% во посетите и 38% во ноќевањата, објави Хрватската туристичка заедница.

Од вкупниот број на посети и ноќевања на странски туристи остварија повеќе од 516.000 посети и 2,5 милиони ноќевања, покажуваат официјалните податоци..

Анализирајќи го само мај, остварени се 451.000 посети и 1,9 милиони ноќевања, што во однос на мај минатата година претставува раст од 412% во посети и 256% во ноќевања. Притоа, странските гости оствариле повеќе од 312.000 посети и повеќе од 1,5 милиони ноќевања.

“Досега реализација на туристичкиот промет покажува дека Хрватска на многу пазари се позиционира како безбедна, квалитетна и добро подготвена дестинација. Во овој момент, во нашата земја дневно престојуваат повеќе од 100.000 туристи, а првпат таа бројка оваа година ја надминавме во петокот на 28-ми мај. Влеговме во јуни во којшто очекуваме понатамошно зајакнување на туристичкиот промет, додека најмногу туристи очекуваме во главните летни месеци јули и август за коишто имаме добри најави“, изјави Кристијан Станичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница.

Најмногу ноќевања остварија туристи од Германија, Словенија, Австрија, Босна и Херцеговина, Полска и други.

Фото: Pexels