Во хрватски стартапи лани инвестирани 14,8 милиони евра

49

hrvatski-startapi

Фото: ZIP

Вкупните инвестиции во хрватски стартапи, во текот на 2016 година, изнесуваат 14.877.000 евра, покажуваат податоците на Загрепскиот инкубатор на претприемништво. Таа бројка е повисока во однос на 2015 година, кога вкупниот износ на инвестиции беше 10.805.233 евра.

Најголемата инвестиција ја обезбеди хрватскиот старт – ап Photomath во износ од 3.000.000 евра.

Од друга страна, хрватските проекти преку групно финансирање собраа 323.403 долари. Во текот на 2016 година, на платформите се поставени 49 проекти, главно на Indiegogo, а од нив само 12 успеале да ја соберат бараната сума, за разлика од 23 успешни проекти во 2015 година.