Во јануари издадени 390 одобренија за градење – нови 677 станови

117
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2023 година се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 706 874 илјади денари, што е за 33.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (43.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 131 (33.6 %) за објекти од нискоградба и 90 (23.1 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 390 објекти, на 182 (46.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 208 (53.3 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 677 станови, со вкупна корисна површина од 57 990 м2.