Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јануари 2014 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна и во однос на јануари 2013.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во јануари 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се понеповолни.
Во јануари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јануари 2014 година се зголемени во однос на декември 2013 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2014 година изнесува 60% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јануари 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,6%, недоволната домашна побарувачка со 17,6%, финансиските проблеми со 10,5% и неизвесното економско опкружување со 10,2%.
Почетна Новости Македонија Во јануари залихите на суровини и репроматеријали под нормалата во преработувачката индустрија