Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра

26

Во јуни еврозоната забележа надворешно-трговски суфицит од 23 милијарди евра, но повеќе поради падот на увозот отколку закрепнувањето на извозот. Извозот на стоки од еврозоната во јуни годинава е зголемен за 0,3 отсто (на 252,3 милијарди евра), додека увозот е намален за 17,7 отсто, на 229,3 милијарди евра.

Во првите шест месеци од годинава извозот на стоки од таа заедница, која опфаќа 20 земји, е зголемен на 1.434,9 милијарди евра (3,2 отсто во однос на истиот период лани), додека увозот во истото полугодие е намален за 7,3 проценти во однос на 1.429,6 милијарди евра.

Како резултат на тоа, еврозоната забележа суфицит од 5,3 милијарди евра од јануари до јуни, додека во првата половина на 2022 година имаше дефицит од 151,8 милијарди.

Трговијата во еврозоната се зголеми на 1.369,2 милијарди евра во првите шест месеци од 2023 година, што е за 1,1 отсто повеќе во споредба со периодот јануари-јуни 2022 година.

Во јуни годинава, во однос на јуни 2022 година, 11 од 27-те земји членки на ЕУ бележат пораст на извозот, додека другите земји бележат намалување.

Најголем раст е забележан во Малта и Ирска, а најголем пад на извозот е забележан во Грција, Белгија, Бугарија и Финска.

Што се однесува до увозот во ЕУ, сите земји членки забележаа пад, со исклучок на Австрија, која забележа благ пораст.

Најголем пад е забележан во Малта, Бугарија, Грција и Финска, објави „Нова економија“.