Во Кина отворен соларен пат долг еден километар

60

pat-ulica-pixabay

Фото: Pixabay

Во кинескиот град Жинан во употреба е пуштен соларен пат во должина од еден километар.
Површината на патот е изработена од проѕирен материјал што издржува товар и овозможува да продира сончева светлина, пишува Xinhuanet.

Според инвеститорот на проектот, Qilu Transport Development Group, панелите коишто покриваат 5.875 квадратни метри може да генерираат еден милион киловат часови енергија за една година, што е доволно за задоволување на секојдневната побарувачка на околу 800 домаќинства,

Произведената електрична енергија ќе се користи за напојување на светла, знаци, камери за надзор, тунел и патарина, а вишокот на енергија ќе биде доставен до државната мрежа.

Идните функции што треба да се развиваат вклучуваат мобилно полнење за електрични возила и обезбедување на интернет врска.