Во Кина се отвори најголемиот аеродром во светот вреден 63 милијарди долари

57

Официјално се отвори најголемиот аеродром во светот, којшто е лоциран на 40 километри од Пекинг, Кина.

Интернационалниот аеродром Beijing Daxing, го доби својот финален изглед по речиси петгодишна конструкција и потрошени 63 милијарди долари.

Терминалот се простира на површина од 17,1 милиони метри квадратни, a дизајнот е на едно од најпознатите имиња во архитектурата Заха Хадид, пишува Fortune.

Иако првичната замисла беше градбата да личи на Феникс, почесто ја опишуваат како морска ѕвезда или дланка.

До 2021 година аеродромот се проценува да има околу 45 милиони патници годишно, 72 милиони до 2025-та и 100 милиони патници до 2040 година.

Beijing Daxing во системот ќе ја интегрира 5G мрежата на Huawei, заедно со вештачка интелигенција, зголемена реалност и уште многу други технологии коишто ќе овозможат врвна услуга и работење по највисоки стандарди.

Патниците ќе можат да ги комплетираат сите патнички трансакции, од купување на билет до чекирање и качување во авионот само преку скенирање на лицето.

Фото: Facebook