Во кои градови најмногу се возат велосипеди?

190

Возењето на велосипед е добро за здравјето и за околината. Некои светски метрополи многу го промовираат овој начин на транспорт со што придонесуваат за животната средина и за активноста на самите возачи.

Децата уште од мали се охрабруваат да возат велосипеди, а честа глетка се и родителите кои одбираат ваков начин на транспорт за да ги однесат децата во градинка и да стасаат на работното место.

Копенхаген е прв на листата, а еве во кои други градови велосипедите се најмногу користени:

Копенхаген, Данска – 35% од вработените доаѓаат на работа со велосипед.

Амстердам, Холандија – во овој град има над 800.000 велосипеди.

Портланд, Орегон – Орегон најмногу промовира ваков начин на транспорт во САД.

Бордел, Колорадо – уште еден град во САД каде што предимство се дава на велосипедите.

Монтреал, Канада – жителите на Монтреал имаат импресивни 600 километри патеки за велосипедисти.

Токио, Јапонија – со оглед на густата населеност, во Токио велосипедите се честа глетка.

Рио, Бразил – овој град има специјални програми за споделување на велосипеди.

Стразбур, Франција – Стразбур активно работи на зголемување на бројот на велосипедисти.

Барселона, Шпанија – во овој град за туристите се организираат специјални тури со велосипеди.

Будимпешта, Унгарија – во Будимпешта, исто така, има ваков тип на тури за туристите, покрај 200 километри велосипедски патеки.

Фото: Pixabay