Во кои земји се пие најмногу вино?

740

Соединетите Американски Држави (САД) се топ потрошувач на вино во светски рамки, покажува истражувањето на The International organization of vine and wine (OIV).

Во текот на минатата година, во САД се продадени 33 милиони хектолитри вино, потоа следува Франција со продадени 26,8 милиони хектолитри, додека трета е Италија со 22,4 милиони хектолитри вино.

Во првата петорка влегуваат и Германија со 20 милиони хектолитри вино и Кина со 17,6 милиони хектолитри вино.

Од земјите во регионот, во Грција се продадени 2,1 милиони хектолитри вино, Хрватска со 1,1 милиони хектолитри, исто толку и Србија, додека еден милион хектолитар вино е продадено во Бугарија.

Како најголеми производи на овој пијалак добиен од винова лоза се: Италија со 54,8 милиони хектолитри во 2018 година, следна е Франција со 48,6 милиони хектолитри, додека трета е Шпанија со 44,4 милиони хектолитри вино.

Во апсолутен износ, лани се произведени 292 милиони хектолитри вино, што е рекордно ниво во споредба со последните четири години (2014 година – 270 милиони хектолитри, 2015 година – 275 милиони, 2016 година 270 милиони, 2017 година 249 милиони хектолитри вино).

Кога станува збор за извоз на вино во 2018 година, најголем износ од 9,3 милијарди долари инкасираше Франција, по нејзе Италија со 6,1 милијарда долари, а следна е Шпанија со 2,9 милијарди долари.

Фото: Pexels