Во која држава се троши цела плата за користење два дена интернет?

63

Кубанската телекомуникациска компанија ETECSA еден час на интернет го наплаќа еден долар, а месечната плата во оваа земја е 50 долари.

ETECSA наплаќа за времето поминато на интернет, а не на потрошениот интернет, па за еден час користење наплаќа еден долар. Со оглед на тоа што просечната плата на Куба е 50 долари, користењето на интернет за Кубанците е многу скапо.

Скоро 30 години откако светот почна да го користи интернетот, жителите на Куба дури овој месец добија можност во своите домови да имаат интернет приклучок. Но, поради исклучително високите цени, жителите се жалат и бараат пониски цени, пишува AFP.

Од јули оваа година, властите на Куба им овозможија на граѓаните увоз на рутери, регистрација на опрема и создавање домашни безжични Wi Fi мрежи. Досега безжичниот интернет беше достапен само на јавни места.

Фото: Pixabay