На пазарите и во маркетите во Бахреин една марула се продава по просечна цена од 2,18 евра, покажуваат податоците на Numbeo.
Меѓу земјите во светот во коишто цената на овој зеленчук е околу две евра се и: Швајцарија (2,13 евра), Исланд (2,01 евра) и Норвешка (две евра).
Словенија е земја од регионот во којашто марулата достигнува цена од 1,11 евра, додека цената во Хрватска на овој зеленчук е 0,78 евра. Марулата во Црна Гора се продава просечна цена од 0,74 евра, додека во Грција за 0,68 евра. Во Косово, Бугарија и Босна и Хецеговина, просечната цена на марулата е околу половина евро. Во Србија овој лисен зеленчук чини 0,38 евра, додека кај нас просечната цена е 0,32 евра.
Марулата има најниска цена во овие три земји: Сирија (0,23 евра), Пакистан (0,25 евра) и Египет (0,26 евра).
Фото: Pixabay