Во која земја се вози на најскап бензин?

66

Возачите во Хонгконг за литар бензин мора да платат 2,014 евра со што возат на најскапо гориво, покажуваат податоците на Global Petrol Prices. Просечната цена на бензинот со 95 октани во светот е 0,91 евро за литар.

Меѓу земјите коишто имаат највисока цена на бензините, освен Хонгконг, влегуваат и: Холандија (1,7 евра), Централна Африканска Република (1,678 евра), Норвешка (1,654 евра), Грција (1,577 евра).

Од друга страна, на најевтин бензин возат жителите на Венецуела со 0,017 евра за литар. Земјите со најевтин бензин во светот се и: Иран (0,051 евра), Ангола (0,211 евра), Кувајт (0,288 евра) и Алжир (0,288 евра).

Од земјите во регионот, најевтин е бензинот на возачите во Бугарија (0,956 евра за литар). Потоа следат: Босна и Херцеговина (1,003 евра), Македонија (1,064 евра), Словенија (1,143 евра), Албанија (1,174 евра), Србија (1,233 евра), Црна Гора (1,270 евра) и Хрватска (1,289 евра).

Фото: Pexels