Во која земја вештачката интелигенција се развива најбрзо?

32

Работниците во Сингапур се најбрзите усвојувачи на вештините за вештачка интелигенција (ВИ), според најновото истражување на глобалната бизнис платформа LinkedIn.

Како што објави CNBC, истражувањето спроведено во 25 земји во светот покажува дека Сингапур има најголем удел на работници кои ја додале вештината – „познавање на вештачката интелигенција“ на нивните работни профили од јануари 2016 година.
Бројот на корисници со познавање на вештачката интелигенција во наведениот период е зголемен за 20 пати во однос на првиот месец од 2016 година.

На второ место е Финска, каде што овој број на експерти за вештини за вештачка интелигенција е зголемен за 16 пати. Следат Ирска – 15 пати, Индија – 14 пати и Канада – 13 пати.