Во која земја живеат најбогатите луѓе во светот

90

Швајцарците се најбогатите луѓе во светот – покажува годишната анализа за имотот на домаќинствата во светот, објавена од банката „Кредит Свис“.

Секој возрасен Швајцарец во 2022 година поседувал во просек 685.000 американски долари, што вклучува финансиски акции и недвижен имот.

Поради берзанските курсеви, вредноста на имотот падна за околу 13.000 долари во последната година, но Швајцарците и понатаму се најбогати во светот.

Второто место на листата на најбогати го зазедоа Американците со просечно богатство од 551.000 долари, а потоа следуваат жителите на Хонг Конг, Австралија и Данска.

„Алгемајне цајтунг“ го пренесува овој податок и наведува дека Швајцарците се трипати побогати од Германците, чиј просечен имот се проценува на 256.000 долари.

Економските аналитичари тоа го објаснуваат со фактот дека Швајцарија остана недопрена во двете светски војни, но и со ефикасен пензиски систем.

Богатството на Швајцарија, како што пренесува Срна, се огледа и во тоа што таму живеат 1,1 милион милионери.

Авторите на анализата проценуваат дека глобалните средства ќе се зголемат за 38 отсто на 629 милијарди долари во следните пет години, а бројот на милионери може да се зголеми на 86 милиони во светот од сегашните 59,4 милиони.

Глобалниот тренд покажува дека вредноста на имотот се намалува во Европа, Северна Америка и Азија, додека се зголемува во Латинска Америка, главно поради движењата на девизниот курс.