
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,6% поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства”.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,4% како резултат на повисоките кредити кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Паричната маса во мај 2026 година, е зголемена за 0,8% на месечна основа, во најголем дел како резултат на растот на готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при остварен раст и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, паричната маса е повисока за 8,6%, поради растот на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години.
‒ Во мај, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,8%, коешто се
должи на зголемените депозити на корпоративниот сектор. Годишниот раст на
депозитите изнесува 8,6% и во поголем дел произлегува од зголемувањето на
депозитите на секторот „домаќинства“
Вкупните кредити, во мај, забележаа месечен раст од 1,2% под влијание на растот
на кредитирањето на двата сектора, со поголем придонес на секторот
„домаќинства“. Споредено на годишна основа, вкупните кредити се зголемени за
13,4% како резултат на повисоките кредити кај двата сектора, со поизразен
придонес на корпоративниот сектор
Овој месец, депозитите на корпоративниот сектор остварија нагорна месечна
промена од 2,5%, во поголем дел поради растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута. Годишниот раст од 5,8% главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари, при забележан пад на краткорочните депозити во денари.
‒ Кредитите на корпоративниот сектор, во мај, бележат месечен раст од 0,9%,
којшто во поголем дел е резултат на повисоките кредити во денари, при помал раст
и на кредитите во странска валута. Анализирано на годишна основа, растот изнесува 15,0% и во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари
Во мај, депозитите на домаќинствата се речиси непроменети на месечна основа.
Во споредба со истиот месец минатата година, депозитите на домаќинствата се
повисоки за 9,7%, главно под влијание на зголемувањето на депозитните пари,
долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.
‒ Кредитите на домаќинствата, во мај, забележаа месечно и годишно зголемување
од 1,3% и 12,0%, соодветно, поради растот на кредитирањето во денари и во
странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.
Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија
месечно зголемување од 1,1% и 1,4%, соодветно, при годишен раст од 11,2% и
16,3%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7% и
8,4% на месечна и на годишна основа, соодветно. Кредитите одобрени на
кредитните картички, во мај, бележат месечен раст од 0,2%, во услови на
годишен пад од 4,1%. Во мај, негативните салда на тековните сметки
забележаа месечно и годишно зголемување од 6,1% и 5,0%, соодветно, додека
кредитите одобрени врз други основи се намалени за 0,5% и 10,3% на месечна и
на годишна основа, соодветно.











