Во Монако една третина од жителите се милионери

93

Малечката град – држава Монако, којашто е сместена на француската ривиера, важи за едно од омилените места на богатите. Според последниот извештај на веб страната Knight Frank, во Монако дури една третина од жителите се милионери или од вкупно 38.300 жители околу 12.261 (32%) спаѓаат во оваа група.

Во оваа земја нема сиромаштија, а ултра богатите се “сместени“ на површина од 2,5 квадратни километри.

Властите во Монако ги реинвестираат приходите од туризмот и останатите капитални добивки во заедницата со цел да го подобрат квалитетот на живот и да ги поттикнат богатите да патуваат и да купуваат недвижнини.

Во државата нема данок на доход, а за мал еднособен стан се плаќа најмалку 1,6 милиони, пишува Business Insider. Повеќето “стандардни“ апартмани чинат помеѓу 2,2 милиони и 22,3 милиони долари, додека луксузните пентхауси можат да се купат по цена од 55 милиони долари па нагоре.

Фото: Pexels