Во Москва се отвора најголемиот забавен парк вреден 1,5 милијарди долари

61

Најголемиот забавен парк во Европа ќе биде отворен во главниот град на Русија кон крајот на февруари наредната година.

Паркот ‘Dream Island’ којшто е предвиден да стане туристичка дестинација за семеен одмор дизајниран е да прими 20.000 луѓе. Проектот е вреден 1,5 милијарди долари.

“Ова е најголемиот забавен парк во Русија и најголем затворен парк во Европа, слични можете да пронајдете само во Обединетите Арапски Емирати. Сите атракции се уникатни и произведени специјално за Dream island“, вели техничкиот директор на паркот, Иван Схол.

Паркот изграден во центарот на Москва е направен да изгледа како град со централна улица, шеталишта и градини.

“Тоа е вистински град, само прекриен со стаклена купола и гостите може да шетаат во текот на целата година. Стаклената површина е најголема во Европа и се простира на 8.600 метри квадратни“, наведоа инвеститорите.

Според веб страната на Dream Island, билетот ќе чини 50 долари за возрасни и 45 долари за деца.

Фото: Themeparx