Во недела започнува есента

11

На северната хемисфера на Земјата, во недела на 22 септември, во 22:44 часот календарски започнува есента. Истовремено на јужната полутопка доаѓа пролетта.

Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.