Во ноември 2013 година просечната нето-плата изнесувала 21.054 денари

51

11-109- Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 100.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,2%, Транспорт и складирање за 5,3% и Дејности на здравствена и социјална заштита за 3,6%.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 8,8%, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3% и Градежништво за 4,2%.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2013, изнесува 21.054 денари.
Во ноември 2013 година, 2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.