
Кинескиот извоз на електрични возила (ЕВ) ширум светот се зголеми во ноември за 87 проценти на годишно ниво, на 199.836 единици, според најновите податоци од Генералната управа на царината на Кина.
Највисок индивидуален раст е забележан во Мексико, каде што извозот на ЕВ скокна за дури 2.367 проценти на годишно ниво, на 19.344 електрични возила, а силен раст е забележан и во Индонезија – 302 проценти, Турција – 760 проценти и Малезија – 273 проценти.
Гледано по региони, Кина извезе најмногу електрични возила во Азија, имено 110.061 возила, што е за 71 процент повеќе во споредба со истиот месец минатата година, пренесува Tanjug.rs.











