Во ноември потрошено 1,3% повеќе енергија

11

Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3% повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 29,5%, а бруто-домашното производство со 70,5%.
Во ноември 2013 година вкупно се увезени 21.459 милиони нормални метри кубни природен гас, што е за 64% повеќе во однос на увозот во истиот период од претходната година.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 84,5%, додека финалната потрошувачка со 15,5%.