Во ноември зголемување на продажбата и откупот на земјоделските производи

13

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во ноември 2013 година изнесува 1.637.305 илјади денари, што претставува зголемување за 12,3% во споредба со ноември 2012 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18,2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3,2%.
Зголемување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи се забележува кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, млекото, млечните производи и рибата, додека пак, намалување се забележува кај: индустриските растенија, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата.