Во Охрид отворен ден за придобивките од обновливите извори на енергија

42

Преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали, граѓаните од Охрид денеска ќе имаат можност да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Овој отворен ден е трет од низата кои се одвиваат во текот на месецов во рамки на ИРЕКо проектот. Првиот отворен ден за запознавање на граѓаните со придобивките од обновливите извори на енергија се одржа во Струга, а вториот во Дебар.

Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.

Проектот е финансиран од Европската унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Водечки партнер на проектот е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ во партнерство со Центарот за развој на југозападниот плански регион од Македонија и Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност и Регионалниот совет на Корча од Албанија.