Во октомври уште еден јавен повик за ИПАРД 

18

traktor

Во текот на месец октомври 2014 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година), најави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 се наменети за следните мерки:

Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на Европската Унија,

Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија, и

Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД програмата овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем напотенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација (вклучувајќи и трактори), како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобриконкурентноста наземјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.