Ширење на криптовалути без јасни прописи е причина за загриженост бидејќи тоа може да влијае на финансискиот пазар, рекол шефот на италијанскиот берзански регулатор, Паоло Савона, предупредувајќи дека во светот во оптек има меѓу 4.000 и 5.000 дигитални валути чие тргување не е воопшто уредено.
Савона се приклучил кон големиот број лидери на финансиски институции кои се залагаат за поголема регулација на овој пазарен сегмент, истакнувајќи дека криптовалутите можат да ги олеснат незаконските активности како што се перење пари и да ја намалат способноста на централните банки да ја водат монетарната политика, пренесува Ројтерс.
“Без соодветен надзор може да дојде до влошување на пазарната транспарентно, којашто е основ на легитимноста и рационалниот избор за пазарни операции“, рекол Савона.
Европа и САД работат на прописи за регулирање на дигиталниот имот и нивните добавувачи, бидејќи инвеститорите бараат нови основни правила.
Во развој на регулаторната рамка, некои земји, вклучувајќи ги Кина, Велика Британија Русија, размислуваат создавање на сопствени дигитални валути преку нивните централни банки.
Фото: Freepik











