Во оваа земја менаџерите земаат 10 пати поголема плата од вработените

136

Топ менаџерите во Романија заработуваат 10 пати повеќе од нивните вработени, а нивната месечна нето плата може да достигне и 15.000 евра, пренесува Romania Insider.

За разлика од нив, во Германија, Данска и Швајцарија, менаџерите имаат три или повеќе пати поголема плата од своите вработени.

Како една од главните причини поради кои менаџерите во Романија се подобро платени е поради нивниот недостиг кога почнаа да се отвораат мултинационални компании во земјата во 90-тите години. Тогаш компаниите плаќале повеќе за одговорните лица, со што тие трошоци се задржани до денес.

Кога се работи за професии од ИТ секторот, таму не се забележува огромна разлика, бидејќи тие вработени имаат знаење и искуство во својата област и се добро платени.

Фото: Pexels